Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва со почеток во 18 часот ќе се одржи новогодишен концерт на учениците од одделот за дувачки инструменти на средното музичко „Илија Николовски- Луј“ од Скопје.
„Ова е уште една презентација на музичката уметност, а се одлучивме за концерт на кларинет, флејта, труба, фагот како освежување пред празниците. Дувачкиот одел на музичкото училиште има програма, која досега многу пати ја изведувале, а се надеваме дека ќе ужива и кумановската публика“, истална Александар Митрички, музички соработник.
Ќе бидат изведувани дела од Моцарт, Камиј Сен- Санс, Виторио Монти, В. Семјонов, Шуман, Скарлати, Линдпентнер. Програмата е креирана со помош на уметничките соработници во училиштето, а учениците се од класите на Цветан Пијанечки, Љупчо Колевски, Горан Зафировиќ, Наташа Еленова, Кристијан Христовски и други.
Концертот е последен музички настан за ова година.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.