×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишен музички хепенинг за сите генерации

    23.12.2015 13:28 | KumanovoNews

    Новогодишен музички хепенинг на 30 декември ќе се одржи на Градскиот плоштад, со различни видови музика за сите генерации.

    Новогодишен музички хепенинг за сите генерации

    Во 11 часот ќе настапи танцовиот клуб “Мерлин“, во 12 часот е пречек на Дедо Мраз, ќе учествува тимот “Гледај ме со срце“, повторно “Мерлин“, во 13 часот ќе пее детскиот хор од училиштето “Јероним Де Рада“ од село Черкезе, во 13.20 часот настапува Градски детски хор Куманово, во 13.45 часот Мартија Станојковиќ, учесничка на Пинкови ѕвезди. Во 14 часот ќе настапи Тамбурашки оркестар “Наши тамбураши“, во 15 часот група “Челик бенд“, во 16 часот “Бисери“, а од естрадните уметници ќе пеат Нино Величковски, Маргица Антевска, Тања Јовановска и Боби Амадеус. Од забавни и рок групи во 17 часот ќе пее Мартинијан Кириловски и HQ bend, во 18 часот Akrepat bend, vo 19 часот Concrete jungle, во 20 часаот бенд Mandara и 21 Fusnota и Емилија Дичковска.

    Направена е богата новогодишна програма која ќе се состои од три дела. Новогодишната програма се состои од програма за најмладата популација, програма за деца, потоа имаме втор дел каде е опфатена народна музика и потоа имаме трет дел, тоа е забавна  програма и тука се опфатени рок групите. Пред Нова година ќе има посета на градоначалникот на деца без родители, потоа дечиња со посебни потреби- изјави Валентина Алексовска, секретар во општина Куманово.

    Нино Величковски од Фондацијата за култура и спорт вели дека градот е прекрасно накитен и еуфоријата расте пред Нова година.

    Се надеваме дека ќе биде традиција и дека заедно ќе го правиме и понатаму со секторот за култура и спорт во овој дел на дочек или пречек на Новата година. Ќе имаме навистина богата програма. Неизбежниот Дедо Мраз ќе биде аниматор“-рече Величковски.

    Цоки Ристовски од одделението за култура и спорт ги повика родителите да ги донесат децата на 30 декември на плоштад.

    Оваа година наставата ќе заврши на 29-ти, сакам да упатам еден апел до родителите да ги донесат децата на плоштад. Програмата ќе биде интересна и богата за самите деца - кажа Ристовски.

    За оваа новогодишна програма ќе бидат потрошени 120.000 денари.