×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишни подароци од гимназијалците за старите лица во „Зафир Сајто“

    23.12.2019 12:57 | KumanovoNews

    Учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, денеска поделија новогодишни подароци и изведоа пригодна програма по повод новогодишните празници, во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово.

    Новогодишни подароци од гимназијалците за старите лица во „Зафир Сајто“

    Новогодишни капи, венчиња, снешковци, лампиони, честитки, беа само дел од подароците, кои на сопствена иницијатива ги изработиле учениците во соработка со нивните професори. Учениците се надеваат дека денешната посета ќе им ги разубават празниците на постарите лица сместени во овој дом.

    „Овие подароци ги изработивме рачно, користевме материјали од хартија, односно од се` што имаме по дома, памук и сите такви работи. Сите креативни идеи ги собравме, од интернет и од филмови, на едно место и направивме интересни работи коишто и се корисни и убаво изгледаат. Се надеваме дека многу им се допаднаа“,- вели Анастасија Трајковска, ученичка во СОУ „Гоце Делчев“ од Куманово.

    Старите лица велат дека се пријатно изненадени од потегот на учениците и нивните професори. Тие со раширени очи и многу возбуда ги примија подароците и ги слушаа песничките кои ги рецитираа.

    „Ова има големо значење за нас. Јас бев изненадена и не знаев дека децата ќе се тука, сосема случајно слушнав и веднаш дојдов да ги слушнам. Се` оставивме само да дојдеме и да ги слушнеме децата. Многу значи оваа детска смеа во просторииве и многу сме им благодарни за честитките“,- вели Елисавета Попова, старица во домот.

    Тие додаваат дека се подготвуваат за прославување на Новогодишните и Божиќните празници.