Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Новосељане има засеани 1000 хектари има житни култури од швајцарски семиња барун, радика и подобрена оровчанка.
По повод “Денот на полето“ манифестација која се организира по трет пат, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски го посети кумановското село Новосељане каде на 1000 хектари има житни култури. Овие површини се посеани со швајцарски семиња барун, радика, подобрена оровчанка.
Министерот Димовски порача земјоделците да не употребуваат семиња од своите амбари, туку да користат испитани и поквалитетни семиња.
Нашите домаќини навистина си ја завршиле својата работа. На релативно неквалитетна земја имаме добри приноси. Кога ќе се спои науката, техниката, технологијата мора да има резултати. Вашата работа зависи и од фактор време. Експертите за оваа година прогнозираат за 10 проценти помал род. Оние земјоделци кои ќе употребуваат сертифицирани семиња ќе добијат плус 3000 денари по хектар субвенција - рече Димовски.
Тој спомна дека субвенционирано ќе биде органското производство, а ќе има поволности и за младите земјоделци и жени фармерки. Илија Каров, професор и декан на Факултетот за земјоделство во Штип рече дека на почва која е од петта класа, сопственикот на Друштво за земјоделско производство Клечовце ќе произведе до 6 тони по хектар. Тој потенцираше дека житариците во светиниколско се во многу лоша состојба.
Јас сум на овој простор веќе четири години и секоја година родот е се подобар. Од ова подрачје сопственикот направи полигон каде можат многу да научат нашите студенти. Направен е многу успешен спој меѓу науката и она што регионот го нуди. Во оваа тешка години, со месеци немаше дожд, ако цениме од 1,8 до 2,5 тони по хектар на други површини, овде ќе има дупло повеќе - изјави Каров.
Домаќинот Бубе Трајковски потенцираше дека земјоделците треба да ги сменат старите навики за да имаат перспектива. Тој додаде дека два пати додека трае вегетацијата преземаат мерки за зашита на семињата. Организатор на настанот е Друштвото за земјоделско производство Клечовце и Земјоделската задруга Агростарт.