×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • НРЦ потсети на жртвите од Холокаустот

    26.01.2015 12:55 | KumanovoNews

    По повод 27 јануари - Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, Националниот ромски центар од Куманово, денеска потсети на милиони Роми и Евреи, кои се убиени за време на холокаустот од нацистичкиот режим и неговите сојузници.

    НРЦ потсети на жртвите од Холокаустот

    Од НРЦ испратија порака за еднаквост, толеранција, достоинство и почитување на човековите права.

    “По повод денешниот ден сакаме најпрвин да порачаме, оваа нечовечност повеќе никогаш да не се повтори. Ваквиот грозоморен геноцид, кој и денес постои, е силна порака на човештвото да се спротивстави и делува. Упатуваме силна порака до сите народи во светот за заедништво и мир. Да воспостави механизми за остварување на идеалот кај сите народи и нации, да се постигнат сите права за еднаквост на сите. Понатаму сакаме да истакнеме дека е потребна силна заложба за исполнување и реализирање на сите активности кои треба да доведат до еднаквост, толерантност и достоинствен живот на секоја индивидуа“ - изјави Ашмет Елезовски, од НРЦ.

    Убиените Роми биле претежно од европските земји, но имало мал дел и од Југославија. Елезовски кажа дека во овој период им се губи трагата на осум ромски семејства од Куманово и до ден денес за истите не се знае дали се живи и каде се наоѓаат.