Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на НСДП во среда во 19 часот ќе одржи трибина на тема "И трудот е капитал", каде меѓу другото ќе се зборува и за проблемот со стечајните работници.
На трибината ќе се разговара за актуелната состојба во Македонија, потребата од формирање на опозицискиот фронт и неговата улога во промена на сегашната состојба во сите сегменти на општествениот и политичкиот живот во Македонија. Тито Петковски ќе биде дел од трибината, а ќе учествува Горан Минчев, член на СДСМ и пратеник. Општинската организација на НСДП ги повикува своите членови и симпатизери и нивните подржувачи да присуствуваат на трибината, која ќе се одржи во кружната сала во зградата на поранешен Комитет- рече претседателката Сунчица Јосифовска.
Партиското седиште на НСДП од неодамна е преселено во нови простории во зградата на поранешен Комитет на четврти кат и ќе работи секој ден од 18 до 21 часот.