×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Обединети во различностите“ работилница на Здружението на просветни работници

    17.12.2024 19:11 | Оливера Пешевска

    Здружението на просветни работници во Куманово денеска одржа работилница „Обединети во различностите“ во Занаетчискиот дом во Куманово.

    „Обединети во различностите“ работилница на Здружението на просветни работници

    На работилницата присуствуваа 74 наставници и директори од сите општински основни и средни училишта, пред кои беа презентирани идеи, активности и добри практики стекнати на регионална конференција на која учествувало дел од членството.

    „Со цел да се разменат добри практики и да се споделат интерактивни активности применливи во различни предмети за толеранција, разбирање, мултикултурализам и инклузија стекнати на конференцијата, го организира денешниот бесплатен семинар и интерактивна работилница за наставници од основните и средните училишта во Куманово „Обединети во различностите”, на кој се пријавија 74 учесници“, истакнува Анита Димовска, претседателка на здружението.

    Во свечениот дел можеше да се погледне изложбата на 30- тина фотографии од Градската хрониката „505 години Куманово"  на Фото клуб Куманово, а беа доделени благодарници на сите оние кои на некој начин помогнале и ја поддржуваат работата на здружението, со донации или промоција во јавноста.

    Седум претставнички од Куманово биле учеснички на VII Регионална наставничка конференција која неодамна се одржа во Велика Горица, Хрватска. Тоа било прво искуство на здружението на кое учествувале со образовен штанд „Македонски мозаик“, за кој добиле и награда. Штандот биле составен од повеќе целини- интерактивни игри како што се Македонска сложувалка, Македонски мозаик, Музичка меморија, Погоди го рецептот, Бушава азбука, Кула на толеранцијата.

    На конференцијата учествувале просветни работници од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија, а се одвивала во периодот од 28 ноември до 1 декември.

    Милица Тимчевска споделила свои вештини и ставови како реализатор во рамки на тимска работилница.

    „Конкретно јас имав можност да бидам дел од една интерактивна работилница, со колешки од Хрватска, Бања Лука и од Косовска Каменица на тема „Меѓусебна поддршка, разбирање и толеранција“, а она што го дизајниравме таму, ќе им го презентираме на нашите наставници од Куманово. Се надеваме дека ќе најдат примена во нивните училници“, изјави Тимчевска, заменичка претседателка на здружението.

    Присутните констатираа дека недостасуваат бесплатни семинари и работилници кои на просветните работници би им помогнале во професионалниот развој, што се докажа и со бројката на присутни наставници на настанот.