×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Обичната Ели“ во режија на Лавинија Софрониевска најдобар домашен филм на Фестивалот „ФИЛМАЈ“

    03.05.2022 11:23 | Сузана Николиќ

    Познати добитниците на наградите на Фестивалот „ФИЛМАЈ“, кратките филмови ќе бидат прикажани пред публиката на 2 јуни во Куманово  

    „Обичната Ели“ во режија на Лавинија Софрониевска најдобар домашен филм на Фестивалот „ФИЛМАЈ“

    Македонскиот краток филм „Обичната Ели“ во режија на Лавинија Софрониевска ја доби наградата за најдобар домашен филм, на конкурсот за „ФИЛМАЈ“- Фестивал на кратoк филм 2022, кој го организира Фото-кино клуб „Козјак” – Куманово.

    Одлуката за оваа и за останатите награди ја донесе трочлено стручно жири во состав: Сезер Салихи, сценарист и режисер, Косара Митиќ, сценарист и режисер и Филип Илиевски, член на фото-кино клуб „Козјак“.  

    „Новосоздадената „ФИЛМАЈ“ награда за најдобар краток филм се доделува нa „Самa“ во режија на Борна Зидариќ од Хрватска, наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија оди кај Самир Карахода од Косово за филмот „Изместено“, наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија му припадна на Владимир Самоиловски од Македонија за неговата работа во филмот „Северен Пол“ и наградата „Козјак“ за најдобро сценарио се доделува на Фотис Зампетакис од Грција за филмот „Ангелос на Божиќ“, соопштуваат организаторите.

    Целата листа на официјално селектирани филмови, кои ќе се прикажат на фестивалската вечер на 2 јуни 2022 дополнително ќе биде објавена.