Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Објавен е оглас за избор на тројца јавни обвинители во Куманово. Огласот го распиша Советот на јавни обвинители, а на него можат да се пријават лица со завршена обука на Академија за судии и јавни обвинители.
Се очекува да се пријават лица од 47-те кои вчера добија уверувања за успешно завршена почетна обука. Со тоа би се ублажило моменталниот недостиг од обвинители. Во Куманово моментално работат 10 јавни обвинители, заедно со избраниот основен јавен обвинтел.
Со објавениот оглас би требало да се пополнат испразнети места и во Основните јавни обвинителства во Скопје, Тетово, Охрид, Прилеп, Штип, Гевгелија, Битола, Гостивар, Кичево, Струмица, Велес, Ресен, Струга, Радовиш, Делчево и Кочани.
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ вчера ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Уверенија добија вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители.