×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен повик за проекти од социјална заштита во вредност од 3 милиони денари

    14.02.2025 15:45 | KumanovoNews

    Општина Куманово објави повик за финансиска поддршка за здруженија и правни лица кои работат во сферата на социјална заштита.

    Објавен повик за проекти од социјална заштита во вредност од 3 милиони денари

    Повикот е отворен од 10 до 23 февруари, со цел да обезбеди социјална заштита  на граѓаните.

    „Општина Куманово се стреми кон намалување на социјалните ризици, превенција како и добро состојба на сите граѓана има за цел за обезбедување на социјална сигурност, подобрување на квалитетот на живеење и зајакнување на капацитетите на општината. За таа намена се обезбедени 3 милиони денари буџетски средства, а предност ќе имаат апликантите кои се во постапка на лиценцирање за одредена услуга“, истакна Александар Крстевски, раководител на Сектор за социјална заштита.

    Финансиска поддршка се однесува на здруженија кои се во фаза на развој, односно подготовка и воспоставување на нови социјални услуги или иновативни социјални услуги, како што се услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, услуги на советување, услуги во домот, услуги во заедницата или услуги за вон-семејна заштита.

    Здруженијата и невладините организации кои веќе имаат пбезбедено лиценци за обезбедување на одредена услуга не можат да аплицираат за проекти, ниту пак организации кои три години последователно имаат добиено финансиска поддршка од страна на општината.

    Условите за аплицирање се здружението да е регистрирано во државниот Централен регистер, да делуваат на територија на општината, да имаат најмалку тригодишно активно постоење и успешно реализирани активности и да имаат вработено најмалку едно лице.

    Начинот на аплицирање и потребната документација можат да се најдат на страницата на Општина Куманово или во Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита .