Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Даниел С. (25) од Куманово си го одзел животот скокајќи од мостот на реката Пчиња на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во селото Добрешане.
Момчето се фрлило од 30 метарскиот мост, најверојатно во текот на ноќта, а утринава го нашле локални рибари. Веднаш повикале Брза помош, а лекарите констатирале смрт од задобиените повреди од падот. На телото немало траги на насилство и телото е предадено на обдукција.
Кога тргнав на работа видов собрани луѓе на мостот и беживотно тело во коритото на реката. Незнам кое е момчето, но трагедија за неговото семејство-вели очевидец.
Причините зошто Даниел посегнал по сопствениот живот не се познати, а немало ни очевидци на настанот.
Екипи на полицијата и судот извршиа увид на лице место.
Таканаречениот Искрин мост, кумановци го нарекуваат и „мост на смртта„, бидејќи откако е изграден, многу луѓе скокаат од него поради различни причини.