Обновено: Приведена па ослободена стечајката Георгиевска?
18.02.2014 11:38
| KumanovoNews
На денешните протести на стечајците во Скопје, приведенае па ослободена претседателката на здружението УНИТ, Лилјана Георгиевска и еден активист на “Ленка“.
Двајцата претходно турнале една бариера по што полицијата ги извлекла од масата демонстранти. Откако интервенирала Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, двајцата приведени биле ослободени од комбето кое било опколено од сите страни од стечајци, пишува “Плусинфо“.
Протестот на стечајците почна пред зградата на ССМ од каде толпата со свирежи помина покрај Собранието и потоа се упати кон Владата.