Мени

Од 1 јули забрана за движење во шумите, казни до 2.000 евра

26.06.2026 14:48 | KumanovoNews

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, се воведува целосна забрана за движење во шумите и на шумското земјиште.

Од 1 јули забрана за движење во шумите, казни до 2.000 евра

„Целосната забрана за движење во шумите ќе стапи во сила на 1 јули 2026 година и ќе трае до 31 август 2026 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ и од националните паркови, во согласност со подрачјата со кои управуваат“, се наведува во соопштението.

За непочитување на забраната, на физичките лица кои ќе бидат затекнати како се движат во шума или на шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.