×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од 10 јануари ќe воведеме бесплатен превоз за сите кумановци, најави Димитриевски

    22.12.2022 11:02 | Сузана Николиќ

    Во 2023 година планираме да отпочнеме со бесплатен превоз за сите кумановци во време не енергетската криза“, најави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Од 10 јануари ќe воведеме бесплатен превоз за сите кумановци, најави Димитриевски

    Тој кажа дека граѓаните плаќаат дневна карта од 35 до 110 денари во зависност од која релација и тоа се доста високи средства за семејствата.

    „Ќе го буџетиреме превозот, тоа се скромни субвенции кон вршителите на јавниот превоз, бидејќи изнајдовме заеднички начин како да го субвенционираме. Сакаме да го ставиме во функција во следниот период, веќе од почетокот на годината или некаде од 10-ти јануари за сите кумановци, во период на енергетска криза да користат бесплатен превоз. Што ќе добиеме? Ќе добиеме помалку метеж во центарот на градот, дополнително економски бенефит за секое семејство, ќе субвенционираме 40 денари по километар на секој од превозниците, тие се задоволни со тие средства, излегуваат дел и они во пресрет на граѓаните и на градот. И дополнително, средствата кои ги имаме по однов на превоз на ученици и тоа ќе биде еден финансиски пакет со којшто ќе го затвориме тоа“, рече Димитриевски на ТВ Алфа.