×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за возилата

    12.11.2015 09:17 | KumanovoNews

    Од 15 ноември започнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март 2016 година, информираат од  Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

    Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за возилата

    За неносење на зимска опрема, според Законот за безбедност на патниот сообраќај, се издава платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно се регистрираат 25 негативни бодови.

    Моторните  возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми, треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите по обем и широчина од 4 милиметри,  пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од минимум 4 милиметри и синџири за снег со адекватна големина  за погонските  тркала или други соодветни помагала.

    Моторни возила со погон на четири тркала треба во овој период треба да имаат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 6 милиметри или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку 4 милимитери и синџири за снег.

    Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

    Полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајното правило за задолжително носење и употреба на зимска опрема.