Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бесплатен автобуски превоз за прославата на Илинден во Пелинце обезбеди и Владата.
Од 16 локации во градот во 8.30 часот ќе тргнат автобусите кон меморијален центар Пелинце.
Организиран автобуски превоз ќе има од: Спортската Сала, зградата на Комитет, бензинска пумпа Сателит во населбата Карпош, бензинска пумпа Роси-Петрол населбата Иго Тричковиќ, Противпожарната Станица, Кошеви во населбата Гоце Делчев, Зелен Рид кај Поштата, Коки- проширување Перо Чичо, Соколански Парк, во селата Пчиња,Студена Бара, Агино Село, Романовце, Ново Село, Умин Дол, Љубодраг, Железничка Станица, Вера Которка, Доброшане, Проевце, Режановце, Лопате, Бедиње, Табановце, Горно Којнаре, Долно Којнаре и Никола Тесла, бензинска пумпа на Макпетрол на Автобуска станица и Мини Маркет.
Превозот го организира претпријатието Мамли-травел со 20 автобуси.
Враќањето ќе биде ќе биде 17 часот по завршување на официјалната прослава и времето за пикник во рекреативниот центар Пелинце.