23. 03. 2020 12:37

Од коронавирус почина 63-годишен маж од Дебар

Од коронавирус почина 63-годишен маж од Дебар

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ноќеска почина пациент заболен од коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, и тој е втората жртва на болеста.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет.

Во Куманово почина 57-годишна жена од коронавирус.


2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk