×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од коронавирус почина хирург во Кумановската болница

    21.10.2020 10:44 | KumanovoNews

    Д-р Драган Тасевски (60) , доктор специјалист, вработен на хируршкото одделение во Општата болница Куманово почина од коронавирус. 

    Од коронавирус почина хирург во Кумановската болница

    Докторот добил позитивен тест пред десет дена, а откако состојбата му се влошила бил лекуван на Инфективната клиника во Скопје, пренесува сдк.мк.

    Од Центарот за јавно здравје во Куманово потврдуваат дека на 9 октомври потврден е случај на ковид-19 на здравствен работник. Директорката од Општата болница Куманово, Снежата Захариева,  вели дека сите се` уште се во шок од сознанието дека нивниот колега ја изгуби битката со коронавирусот.

    - Колегата од пред десетина дена е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, како последица на една сериозна бронхопнеумонија предизвикана од ковид-19. Се покажа дека е позитивен со потешка клиничка слика и веднаш е пратен на клиника. Меѓутоа по своја проценка, како што дознав од колегите, заминал на лекување во Систина. Вчера попладне состојбата му се влошила и попладне починал. Никој од нас не очекуваше дека вака ќе се заврши. Многу ни е тешко што изгубивме врвен стручњак професионалец, голем човек и колега, кој даваше свој допринос во оваа битка со справувањето со коронавирусот и во целокупното работење на Кумановската болница, - изјави Захариева.

    Директорката не знае каде хирургот Тасевски се зарази, но твдри дека во последните два месеци немаат регистрирано заразени на хируршкиот оддел во болницата. Таа вели дека оваа е прв случај на починат од коронавирус во нивната болница, иако досега повеќе од 10 отсто од вработените го прележале вирусот.

    - Ни сме над 700 вработени, но тоа беше главно на почетокот кризата во оној период кога на два пунката во стари објекти неадекватни за сместување имавме голем наплив на пациенти. Сега е состојбата стабилна и се надевам дека така да остане, - додава Захариева.  

     Директорката апелираше до сите граѓани да ја сфатат болеста сериозно, особено скептиците дека вирусот не постои,  затоа што ковид-19 е болест со непредвидлив ток.

    Куманово е жариште на коронавирусот од почетокот на пандемијата. Досега во Центарот за јавно здравје во Куманово, под кои спаѓаат и Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 1.998 заболени од коронавирус, активни се 233.