Мени

Од Куманово започнува проектот за враќање на маалскиот полицаец

31.01.2018 16:28 | KumanovoNews

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, утре во Куманово ќе го промовира проектот „Позорникар“.

Од Куманово започнува проектот за враќање на маалскиот полицаец

Промоцијата ќе се одржи во 10 часот во близина на Здравствениот дом или т.н. „Уред“ во центарот на Куманово.

„Го враќаме малскиот полицаец „Позорникар“. Почнуваме од СВР Куманово“, - најави министерот.

Спасовски предходно ќе го посети новиот објект на Одделението за управни работи Куманово, поранешен Дом на АРМ во Куманово.