Од недела зимско сметање на времето
24.10.2013 07:48
| KumanovoNews
Во сабота спроти недела (26 кон 27 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе треба да се поместат за еден час наназад.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.