×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од утре почнува зимското сметање на времето

    24.10.2015 10:56 | KumanovoNews

    Ноќта меѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето, со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.

    Од утре почнува зимското сметање на времето

    Тоа значи дека во 3 часот  стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот, така што ќе спиеме еден час повеќе. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март. Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

    Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

    Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време. Во САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март. Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.

    Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.