Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Времето денеска ќе биде облачно, проследено со врнежи, кои ќе бидат поинтензивни во претпладневните часови.
Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 11 степени, а дневната од девет до 16 степени Целзиусови.
Во текот на ноќта и претпладне се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Во понеделник претпладне ќе има врнежи од снег на повисоките места и на планините, а во северните делови во пониските места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.