×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ОДРАЗ побара поддршка за Кежаровски

    25.07.2013 10:42 | KumanovoNews

     Претставници на Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија (ОДРАЗ) денеска од Куманово ги повикаа граѓаните утре во 11 часот пред затворот Шутка со мирен протест да побараат ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

    ОДРАЗ побара поддршка за Кежаровски

    Влатко Ристески, претседател на ОДРАЗ вели дека граѓанската свест треба да се разбуди, бидејќи народот им дава власта на политичарите и затоа институционално или преку мирни протести треба да донесе промени.

    Законите се носат за добро на граѓаните, а не ви функција на власта. Не зависат граѓаните од политичарите, туку напротив политичарите зависат од граѓанскиот глас. Граѓанската свест е на многу ниско ниво кај нас и политиката го зазеде слободниот граѓански простор. Ние се бориме низ целата наша држава, во секоја општина, во секое населено место да создадеме здрави граѓански јадра. Да им кажеме на граѓаните дека ние сме тие кои можат да се изборат за подобра иднина на нашата држава - рече Ристески.

    Тој вели дека во Македонија се премолчени многу монтирани процеси, а самите граѓани не го знаат Уставот и правата кои им се загрантирани.

     Сите заинтересирани ги повикувам утре да му дадеме поддршка на новинарот, граѓанинот Кежаровски затоа што тука е нарушена неговата индивидуа и на неговото семејство. Па покажеме дека тој не е сам и ќе се бориме на слобода да докаже дали е во право или не е. На собирот ќе има од цела Македонија луѓе. Не смееме да наведнеме глава. Јас велам „ако денеска е Кежаровски, утре може да си ти“ - изјави Ристески.

    Претставниците на ОДРАЗ од Прилеп досега посетија 11 градови во Македонија вклучувајќи го и Куманово. Велат дека ќе не се политички етикетирани и ќе бидат коректори на секоја власт.