×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одземен фалсификуван текстил во Куманово

    27.11.2015 12:13 | KumanovoNews

    Во две кумановски фирми откриен и одземен е фалсификат текстил.

    Одземен фалсификуван текстил во Куманово

    Кумановската полиција во содејство со Управа за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат и претставници на заштитени трговски марки, вчера  изврши претрес и контрола во два објекта во Куманово, при што е пронајдена и одземена поголема количина на текстил со сомнително потекло. Текстилот бил означен  со трговски марки Дизел, Риплеј, Армани, Адидас, Луј Витон, Живенши, Барбери, Шанел, Томи Хилфигер, Гучи, Ла Кост и Левис.

    Во првиот случај извршен е претрес во домот на М.С.(53) во Куманово, при што во подрум  на семејна куќа е пронајдена поголема количина на текстил, наредена на рафтови и една фискална каса. Од извршениот преглед од страна на претставникот на трговските марки, констатирано е дека во продажба се нуди текстилна стока од сомнително потекло означена со трговските марки Дизел, Риплеј, Армани и Адидас, која што е фалсификувана. Со потврда за привремено одземени предмети одземени се вкупно 200 парчиња фармерки, јакни, комплет тренерки и дуксери,  и четири најлон кеси со копчиња, етикети и ознаки од трговските марки Дизел и Риплеј. Од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека М.С во куќата врши трговска дејност продажба на текстилна стока преку правното лице ДПТУГ„ ЊУ-ЛОК“ Куманово, а немал поднесено пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на трговска дејност, за што му се изречени глоби во износ од 4.700 евра.

    Во вториот случај извршена е контрола во бутик „Лондон“ во Куманово, со кој стопанисува друштвото ДПТУ „ЛОНДОН ОНЕ“ ДООЕЛ Куманово, сопственост на Ј.Џ.(30) од Куманово. Од извршениот преглед на робата,  констатирано е дека во продажба се нуди текстил со сомнително потекло означена означена со трговските марки: Луј Витон, Живенши, Барбери. Шанел, Армани, Томи Хилфигер, Гучи, Ла Кост, Дизел и Левис, која што е фалсификувана. Со потврда за привремено одземени предмети одземени се вкупно 55 парчиња кошули, блузи, фармерки и тренерки .

    По целосно расчистување и документирање на настаните ке бидат поднесени соодветни кривични пријави.