×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Офицер сакал да ограби продавачка на долна облека

    23.02.2011 16:41 | KumanovoNews

    Воено лице од селото Режановце, денеска во 15.40 часот се обидело да ја ограби сопственичката на бутикот за долна облека " Ивани", кој се наоѓа помеѓу улиците "Наце Буѓони" и "Гоце Делчев" во центарот на Куманово.

    Офицер сакал да ограби продавачка на долна облека

     Разбојникот со качулка на главата, и вооружен со пиштол влегов во продавницата и на Олгица К. и го скинал златното синџирче од вратот. Потоа со закана дека ќе ја убие и побарал пари. Жената му се спротивставила и почнала да бара помош. Тоа го слушнале соседите од околните дуќани,  веднаш реагирале и успеале да го фатат крадецот. Повикале полиција, која интервенирала и го привела разбојникот. Според првичните информации станува збор за лице припадник на АРМ, извесен Игор од селото Режановце. Полицијата се уште работи на целосно расчистување на случајот.