Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ, НСДП, ЛДП, ВМРО-НП, ДУИ и НДП, денеска потпишаа меморандум за соработка на локално ниво.
Потпис на новиот коалиционен договор ставија претседателите на општинските организации, а во името на Сојузот на иднината се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски.
Со овој договор се повтори демократскиот и граѓанскиот капацитет на локалната самоуправа. Имаме програма која е во интерес на граѓаните, без разлика на нашите позиции на централно ниво. Успејавме да ги надминеме разликите во концептите на делување и да се согласиме за интересите на граѓаните на Куманово. Во наредните 4 години локалната администрација подржана од Советот, ќе работи за подобро и граѓанско Куманово, кое со сите различности претставува пример во Македонија. Посебно сакам да го истакнам моето задоволство од палтформата што ја договоривме, а таа не значи поделба на пленот и позиции, туку она за што сме обврзани да го спроведеме за законско функционирање на локалната самоуправа. Инплементацијата на меморандумот значи решавање на инфраструктурните и урбанистички проблеми на граѓаните - изјави Дамјановски.
Кординаторот на советничката група на ДУИ Ридван Асани, вели дека со коалициониот партнер поставиле цврст темел за понатамошната соработка, која е во интерес на граѓаните.
Програмата на ДУИ и СДСМ е заеднички да го градиме градот. Тоа е нашата платформа, ветувањата што ги дадодвем за време на изборите пред електоратот да ги реализираме- вели Асани.
Тој тврди дека немале притисок од централниот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локално ниво, бидејќи тие добиле подршка од граѓаните да учествуваат во власта.
Мнозинството во Советот на општината Куманово го чини коалицијата на СДСМ со 12 советника, ДУИ 4 советника и еден од НДП.