×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ограбен и Убиен дилер на девизи

    14.01.2010 16:49 | KumanovoNews

    Заре Каранфиловски (55) од Куманово синоќа бил убиен во м.в. Багрем Бања на патот додека се враќал дома. Безживотното тело на Каранфиловски го нашол случаен минувач во 1.40 минута по полноќ во близина на неговата куќа и ја известил полицијата.

    Ограбен и Убиен дилер на девизи

    По извршениот увид на лице место било утврдено дека на телото на починатиот има траги на насилство и смртта настапила како последица од повреди нанесени со тврд предмет во вратот и слепочницата. Телото е предадено на обдукција, а полицијата не ги знае мотивите и сторителите.

    Каранфиловски бил шверцер на девизи и најверојатно по работата се враќал дома. Напаѓачите го сочекале на зафрлено  и неосветлено место и се претпоставува дека го ограбиле, бидејки покрај него биле пронајдени расфрлани неколку денари, додека девизите што ги има со себе му останале во џебот на пантолоните. Не е познато во колу часот бил убиен, но кај него била пронајдена фискална сметка што покажувала дека тој пазарел во 21 часот.

    Според неофицијални извори Кранфиловски бил напаѓан и во ноември мината година, но тогаш разбојниците не успеале да го ограбат, па се претпоставува дека го следеле неговото движење.

    Местото на убиството  денеска го обезбедуваше полицијата. На патот каде што бил пронајден починатиот сеуште имаше траги од крв. Соседите велат дека не слушнале кога се случило убиството, но потестуваат дека тука и порано биле напаѓани жителите.

    Неодамна во истата населба Перо Чичо, во м.в. Гладно поле на периферија на градот, покрај пругата беше пронајдено и беживотното тело на Сашо Насевки,  за кој полицијата тврдеше дека починал од предозираност, а неговите родители се сомневаат дека и тој е убиен.