Ограбена црква во Ново Село
19.01.2013 13:00
| KumanovoNews
Непознати сторители деновиве ја ограбиле црквата Свети Никола во Ново село.
Минатат недела, крадците ја обиле вратата на цркавата и влегле внатре. При тоа украле 15.000 денари и пет литри зејтин. На лице место увид извршила кумановската полиција која трага по сторителот.