×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово одвои пола милион денари за Тетово

    05.08.2015 12:12 | KumanovoNews

    Општина Куманово ќе одвои 500.000 денари од својот буџет за ублажување на последиците од поплавите во Тетово.

    Општина Куманово одвои пола милион денари за Тетово

    Оваа одлука денеска беше изгласана на вонредната седница на Советот на општина Куманово. Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека се работи за еден од поголемите градови од земјава, кој претрпе штети и е неопходно да му се помогне.

    “Редно е и наша обврска е да помогнеме на овој град. Дај боже никогаш да не се повторат вакви катастрофи. Мојот предлог беше да се даде максимум од резервата, и 500.000 денари ќе бидат уплатени на жиро сметка на општина Тетово за санација и поддршка на оштетените домови и инфраструктура. Ќе се обидеме со механизација и цистерни да помогнеме за санација и чистење на улиците, како и со вода за пиење“- рече Дамјановски.

    Партиите едногласно дадоа поддршка на предлогот да му се помогне на Тетово.

    „Можеби е симболично, но тоа се нашите финансиски можности моментално. Колку толку да се помогне , да се пружи помош на луѓето што живеат таму. Би посакал животот таму да се врати во нормала што побрзо и институционално и приватно да се помогне колку што може“- кажа Ридван Асани, советник од ДУИ.

    Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Станковски потенцираше дека поплавите се последица на сечењето на шумите, кое се случува не само во Тетово, туку и насекаде низ Македонија. Станковски вели дека овие катастрофи треба да бидат опомена за надлежните и граѓаните повеќе да водат сметка за природата.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски кажа дека кон крајот на август и почетокот на септември ќе бидат исчистени скоро 3 км , од речните корита во Куманово и околината како превентива.