Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Субвенции за набавка на инвертер клима уреди е новата мерка која ја предлага Општина, со цел да се намали загадувањето на воздухот во зимските месеци во Куманово.
Ова точка ќе се најде на дневен ред на 49 седница на Советот, која треба да се одржи во понеделник, 16 декември.
„Воведуваме дополнителна мерка со која сакаме да придонесеме кон почист воздух во градот и за таа намена се предвидени 2 милиони денари. Заинтересираните ќе добијат ваучери во вредност од 20.000 денари, што значи дека 100 семејства ќе имаат можност да се преориентираат на загревање со електрична енергија. Продолжуваме и со мерката за субвенционирање на приклучок за природен гас, се надеваме дека ќе вродат со плод и дека ќе почувствуваме бенефит по здравјето сите ние“, истакна претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска.
Правилникот по кој ќе се распределуваат средствата го изработува Секторот за комунални работи, кој е и предлагач на мерката.
Средствата ќе бидат наменети за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.