Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се дистрибуираат решенијата за данок на имот за физички и правни лица за 2023 година во општина Куманово. Доставата започнала од вчера и се врши преку АД Македонска пошта, а според надлежните ќе заврши до крајот на наредната недела.
„Сите даночни обврзници кои се сопственици на имот што се оданочува, корисници или плодоуживатели на имот, а кои на својата адреса нема да добијат Решение за данок на имот за 2023 година до 15 мај, се повикуваат да се обратат во просториите на Секторот за даноци и такси при општина Куманово, спроти градскиот стадион, поранешна зграда на АД „Козјак“, канцеларии бр.3 и бр.10, за да се информираат и консултираат за својата законска обврска“, соопштуваат од Сектор за даноци и такси при Општина Куманово.
Од Општината апелираат до сите граѓани и фирми совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на данок на имот и истовремено ги повикува сите граѓани, односно сопственици на имот што се оданочува, корисници или плодоуживатели на имот, да го пријават или одјават имотот што е предмет на оданочување.
„Секој корисник или сопственик на имот кој се оданочува е обврзан во рок од 15 дена од моментот на стекнување на имотот, односно од добивање на употребна дозвола или впишување во Агенција за катастар на недвижност, да го пријави во Секторот за даноци и такси при општина Куманово. Доколку не го пријави, Општината ќе постапи согласно законските надлежности“, стои во соопштението.
Сите даночни обврзници, кои веќе имаат платено данок на имот за 2023 година не треба да ги земаат во предвид Решенијата, кои ќе ги добијат на домашна адреса.