×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината нема да ангажира сезонски работници

    07.09.2012 07:32 | KumanovoNews

     Стефан Трајановски од советничката група на ВМРО - ДПМНЕ праша зошто Oпштината Куманово е една од ретките локални самоуправи во државата која не сака да се вклучи во овој проект.

    Општината нема да ангажира сезонски работници

    Општина Куманово не доставила проект за вработување на сезонски работници како што предложи Владата. Стефан Трајановски од советничката група на ВМРО - ДПМНЕ праша зошто Oпштината Куманово е една од ретките локални самоуправи во државата која не сака да се вклучи во овој проект. Тој објаснува дека со сезонските вработувања требаше да бидат опфатени социјално загрозените групи на граѓани. Додава дека и градоначалниците од СДСМ во повеќе градови ќе го спроведуваат проектот.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски објасни дека пред неколку месеци се ангажирани луѓе за чистење на јавните површини. За него е нелогично два пати да се плаќа за иста работа.

     Владата понуди јавна работа, но 50 отсто да ја плаќа општината. За тоа треба буџетска поддршка. Ние тие пари ги немаме планирано и за таа работа би требало ребаланс. На некој му текнало преку ноќ да носи одлука и ние ќе сносиме одговорност за исплата. А изборот на работници ќе го врши Агенција за вработување. Какво е тоа вработување? Во популистички мерки не мислам да ги трошам парите на граѓаните - рече Дамјановски.

    Тој додадека дека треба да градиме среќно европско општество, а не социјално општество каде проблемите ќе се решаваат кога веќе е доцна.