×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината преговара со телевизии за емитување на седници на Совет

    26.10.2015 13:27 | KumanovoNews

    На денешната седница на Советот на општина Куманово, претседателот на Советот, Максим Димитриевски го праша градоначалникот Зоран Дамјановски до каде е постапката за пренесување на седниците на телевизија.

    Општината преговара со телевизии за емитување на седници на Совет

    Димитриевкси потсети дека оваа одлука е усвоена од Советот, и смета дека со нејзината реализација граѓаните ќе бидат информирани за она што се случува во Советот и општината.

    Граѓаните ќе имаат директен увид во делот на работата на органите на локалната самоуправа - рече Димитриевски.

    На ова прашање, градоначалникот Дамјановски одговори дека сега Куманово има две телевизии, една локална и една регионална и ќе  преговараат со нив за емитување на седниците на Советот.

    Имаме прелиминарни преговори. Ако понудата биде пристојна, ако се договориме ќе се емитува директно или снимка. Првите разговори ми даваат надеж. Ќе избереме според техничките можности и гледаноста. Оптимист сум дека ќе дојдеме до некоја фаза на конкретен резултат - изјави градоначалникот.

    Дамјановски вели дека паралелно ќе се направи договор за емитување на канал на албански јазик.