Општините да аплицираат за европски грантови
        06.01.2015 10:18
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Најдоцна до 6 април годинава, општините можат да аплицираат за добивање на грантови од ЕУ ИПА за рурална инфраструктура.
Неповратните средства се доделуваат за изградба или реконструкција на локални патишта и улици, проекти за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води, улично осветлување и слично. Еден барател може да аплицира со најмногу три проекти. Барањето може да се подигне на веб страната на Министерството за финансии, а документацијата да се достави по препорачана пошта или лично во Министерството за финансии.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



