×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општините да се подготват за обилните дождови

    24.11.2015 15:56 | KumanovoNews

     Министерството за транспорт и врски денеска ги повика градоначалниците и останатите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита од најавените обилни врнежи во државата.

    Општините да се подготват за обилните дождови

    Според информаците од УХМР, во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува врнежи на дожд и над 40 л/м2. Пообилни врнежи ќе има во северозападниот дел на земјата, а на повисоките планини и повремен снег.

    Координативното тело за управување со кризи упатува препораки до ЕЛС и Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.

    На координативниот состанок во Министертвото биле утврдени следниве препораки: градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР.

    Градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување и да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,

    Потребно е континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите како и ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки.