×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво

    09.01.2025 15:28 | KumanovoNews

    Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги при Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на Светска банка. 

    Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво

    Социјалните услуги кои ќе бидат финансирани преку повикот се услугите во домот и услугите во заедницата. Овој повик претставува можност за значително зголемување на бројот на општини во кои се развиваат социјални услуги од 41 општина до сега, на најмалку уште 20 нови општини.

    „Редовно сум на терен и ги гледам резултатите од нашите активности преку директни разговори со граѓаните, поради што силно ве охрабрувам да се пријавите во поголем број, особено кога од утре ќе биде активен повикот за изразување интерес, “,порача Ѓоко Велковски, заменик министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади обраќајќи се на присутните претставници на општините.

    Тој се осврна на заложбите на министерството за градење на инклузивно и праведно општество. Како и отворањето на нови можности за продолжување за создавање на значајни промени за граѓаните, со акцент на  најранливите.

    Велковски ги истакна клучните работи кои се во фокусот на работењето на министерството: интеграција на системот за социјална заштита  – преку воведување на ново софтверско решение со кое за прв пат ќе се има увид во правата и услугите кои ги користат сите членови на едно домаќинство, плаќања преку картички за социјална помош - наменски и исклучиво за задоволување на основните потреби, како и поголема поддршка за вработените во центрите за социјална заштита.

    Државниот секретар, Фатмир Сабриу зборуваше за двојната придобивка што ја носи реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

    „Прво, се обезбедува пристап до услуги кои го подобруваат квалитетот на животот за најранливите, а истовремено се создаваат нови работни места во локалните заедници. Овој процес има директен и долгорочен ефект на економскиот развој, создавајќи вработување и обезбедување квалитетна поддршка за оние кои најмногу имаат потреба,“ истакна Сабриу.

    Денешната презентација овозможи детален преглед на условите за аплицирање, како и информации за поддршката која ќе им биде на располагање на општините и давателите на социјални услуги. Министерството ќе обезбеди поддршка за подготовка на сите потребни документи и предлог-проекти.

    Проектите финансирани преку овој повик ќе бидат реализирани во периодот од 2025 до 2026 година, со цел значително подобрување на социјалните услуги и пристапот до нив за ранливите групи.

    Ова е продолжување на успешните активности кои Министерството во рамките на социјалната реформа, која има за цел намалување на сиромаштијата и зајакнување на човечкиот капитал во земјата.