Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со големи попусти и изненадувања за граѓаните, оптика „Стил“ оваа недела ќе го прослави првиот роденден.
Овој современ специјализиран салон за очила, кој се наоѓа во Трговскиот центар „Сума“ на приземје, за 12 месеци успеа да се наметне со квалитетно работење и пристапни цени, со што ја освои довербата на потрошувачите.
„Во роденденската недела која ќе трае од 24 до 31 август, имаме специјални попусти за целиот асортиман на прозводи. Со тоа сакаме да им се оддолжиме на сите наши редовни клиенти, но и да ги покани сите останати да дојдат и да бидат дел од големото семејство кое ги користи нашите прозводи и услуги. Задоволни сме како ја завршуваме првата година, но веќе размислуваме и за нови содржини“, - велат од оптика „Стил“.
Оптика „Стил“ нуди широк асортиман на светски познати брендови на очила за вид и очила за сонце, а врши и монтажа и сервисирање на диоптриски очила. Станува збор за внимателно одбраните производи со проверен квалитет, по најстрогите критериуми на струката и естетиката.
„Ние сме тука за сите на кои им е потребна нашата помош при избор на рамки, стакла и совети. Диоптриските рамки се со врвен квалитет и со гаранција. Нашите производи се истовремено практични и модерни. Што се однесува до очилата за сонце имаме: класични, дискретни, маркантни, модерни, трендовски, со квалитетно заштитно стакло за сонце, за сите вкусови и за сечиј џеб“, - велат сопствениците.
Од оптика „Стил“ ве покануваат да ги посетите во деновите на роденденската недела и да си одберете убави очила за себе или за подарок по пристапни цени, воедно да се уверите во нивната стручност и професионалност, како и беспрекорна и брза услуга.
Гледајте го светот со квалитетни очила од оптика „Стил“. Дојдете заедно да ја прославиме првата успешна година од нашето работење!
Информации на тел. 075/ 910 830.
(комерцијален текст)