Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Африм Сулејмани кој беше уапсен во борбите меѓу полицијата и вооружената група во населбата Тоде Мендол, на 9 и 10 мај е ослободен.
Според информациите на Алсат – М од судот, Сулејмани е ослободен во недостиг на докази. Неодамна, неговите роднини побараа ослободување на нивниот син, полицаецот Африм Сулејмани уверувајќи дека тој е невин и дека на денот кога се одвивале вооружените борби, се подготвувал за да оди на работа.