Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пријавените од стан на ул. „Моша Пијаде„ изнеле и продале радијатори, постелнина и сервиси за домаќинство во вкупна вредност од 100.000 денари.
Двајца кумановци ја продале покуќнината од станот на нивен пријател што им го оставил да живеат во него и да го чуваат. Д.Т.(32) и Д.Т.(30), двајцата од Куманово од ноември 2011 до 2012 година од станот на ул. „Моша Пијаде„ изнеле и продале радијатори, постелнина и сервиси за домаќинство.
На пријавените станот на чување им го осавил Б.Ј.(47) кој е на времена работа во Данска.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т.(32) и Д.Т.(30) за сторено кривично дело „затајување“. Тие се стекнале со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.