Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Митрополит Кирил во сослужение на повеќе свештеници, изврши евангелисување на новиот храм, посветен на Св. Николај-летен .
Вчера, на вториот ден Велигден, во Ново Село, беше осветена новата црквата „Свети Никола„- летни. Митрополит Полошко-кумановски господин Кирил во сослужение на повеќе свештеници, изврши осветување (евангелисување) на новиот храм, посветен на Пренос на моштите на Св. Николај во Бари (летен Св. Никола). Жителите на Ново Село црквата ја градеа 10 години со сопствени сретства, а помош добија и од повеќе приватни фирми и донатори.
Имавме потреба од наша црква, бидејќи сме големо село и досега одевме во црквите во Бедиње и Куманово. Конечно ни се исполни желбата да имаме селско духовно светилиште на селската слава- велат од месната зедница.
На прославата присуствуваа претставници од лолакната самоуправа Куманово, пратеници и голем број на гости од околкните села и градот.