×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фрлање на светиот крст во црквaта „Свети Никола“ и во реката Пчиња во Драгоманце

    18.01.2025 12:12 | KumanovoNews

    По повод празникот Богојавление – Водици, утре во 10 часот во црквата „Свети Никола“ во Куманово и во 11 часот во реката Пчиња во селото Драгоманце, ќе се осветат водите и ќе се фрла светиот крст. 

    Фрлање на светиот крст во црквaта „Свети Никола“ и во реката Пчиња во Драгоманце

    Во црквата „Свети Никола“ предходно ќе се служи света богојавленска литургија, а потоа во базенот пред црквата ќе се фрла крстот. Верниците кои сакаат да скокаат по светиот крст треба да се пријават до 8 часот. Последните неколку години има голем интерес кај младите за скокање по крстот во базенот, а за најсреќните следуваат подароци од црквата и спонзорите. Годинава во црквата „Света Троица“ ќе нема фрлање на крстот.

    Во 09.00 часот ќе започне светата литургија и осветувањето на водите на реката Пчиња, во црквата “Свети Спас“ во селото Пчиња.

    „Нешто подоцна светиот крст ќе биде спуштен во веќе осветената вода, а најхрабрите ќе се обидат да стасаат до крстот. Кандидатите можат да се пријават со почеток од 08.00 часот во нашиот свет храм "Свети Спас" во село Пчиња“, велат од месната зедница Пчиња. 

    Во општина Старо Нагоричане, крстот ќе се фрла на кејот на реката Пчиња во селото Драгоманце, со почеток во 11 часот.  За најсреќниот Општината обезбедува телевизор, а подароци даваат и  цркви од помалите села во општината, правни субјекти и приватни лица. Организатор на настанот е Црковниот одбор и Општина Старо Нагоричане. 

    Празникот Богојавление се слави на 19 јануари во чест на крштението на Исус Христос во реката Јордан, а обичај е верници да влезат во осветените води и го извадат чесниот крст.

    (фото.архива)