Откриени 15 мигранти во Табановце
Во реонот на месноста “Табановска река“ во атар на село Киселица, кумановско, во четири патнички возила управувани од Џ.М. (18), Ф.И. (28), Ф.С. (27) и Е.С. (25), сите од Скопје, фатени се 12 странски државјани, без документи за идентификација.

Од нив шестмина се државјани на Брегот на Слоновата Коска, тројца на Мароко, двајца на Мали и еден на Фарските острови.
По документирање на случајот против четворицата скопјани поднесе кривична пријава за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти“, а истражен судија им одреди мерка притвор во трање од по 30 дена. Странските државјани се се сместени во Прифатен центар за странци – Скопје.
Исто така, минатата недела при контрола на возило од страна на припадници на БПСА-Петровец на автопатот Скопје – Куманово поточно на клучка „Хиподром“, во возило “форд“ со скопски регистарски таблички управувано од З.З.(55) од Скопје откриени се тројца странски државјани од Бангладеш (според нивно кажување) без идентификациски документи.