Отворен салон за часовници и накит Timeless 2
Новиот салон за часовници и накит Timeless 2 денеска е отворен на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово.

За купувачите нудат квалитетни производи, нови брендови, а на десет верни потрошувачи денеска им бea врачени подароци, часовници и синџирчиња поради учество во наградна игра изминативе денови. Од Timeless велат дека со својата понуда, љубезност, однос кон клиентите, препознатливост се наметнаа кај кумановци и тоа резултира со отварање на нов салон.
Ќе понудиме поразлични брендови на часовници, различен накит Swarovski, ќе бидеме малку поразлични, ќе се разликуваат двата дуќани. Ние сме задоволни досега со нашата работа, одиме полека но сигурно. Ја добивме довербата на граѓаните и се трудиме да ја задржиме. Доста сме квалитетни, доста сме уникатни, излегуваме во пресрет на секој. Кога ќе дојде кај нас муштерија, секоја желба ја исполнуваме. Сега засега одлично функционираме. Денеска целиот ден ќе имаме фабрички цени за сè што е во дуќанот, а до крајот на оваа година ќе имаме големи попусти на целиот асортиман, како во Timeless 1 така и во Timeless 2. Максимално сме посветени на работата, достапни сме 24/7 - изјави Ѓокица Гиевски, сопственик на Timeless.
Нив можете да ги контактирате на телефоните 031 550 659 или 078 258 130.
На граѓаните им ги честитаат празниците и ги покануваат да повелат во Timeless 2.