Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Компанијата Пежо синоќа отвори салон за автомобили во Куманово. Фирмата „Васе Старт“ стана овластен дилер на Пежо мрежата во Македонија на „Еуроимпекс“, генералниот увозник на Пежо за Македонија.
На свеченото отварање гостите ги поздрави сопственикот на „Васе Старт“, Васе Велковски.
„Како резултат на нашата професионалност и пред се квалитет на услугите се здобивме со голема доверба кај нашите клиенти. Особено сум горд што овде ќе се продава и сервисира брендот Пежо, кој ужива висок степен на имиџ и голема доверба кај купувачите. Создадовме едуциран и искусен тим, со кој ги остваривме очекувања на Еуроимпекс со што верувам дека ќе ги исполниме и Вашите очекувања- изјави Велковски.
Гостите ги поздрави и генералните директори на „Еуроимпекс“.
„Еуроимпекс“ одбележа 22 години постоење, 22 години развој, инвестирање и успешно опстојување на пазарот! Низ сите овие години, активно совладувајќи пречки и учејќи од сопственото искуство прераснавме во деловен центар, кој функционира според највисоките стандарди на Automobiles Peugeot и со континуирано присуство во листата 200 најуспешни компании во Македонија“ – изјави Кирил Воиновски, генерален директор на „Еуроимпекс“.
Со пресекувањето на лената официјално беше означен почетокот на работата на современиот салон и сервис на компанијата „Васе Старт“. Салонот се наоѓа во индустриската зона населба Карпош, кај некогашниот салон на НА-МА, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.