×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена 13- та ликовна колонија „Карпино“

    02.09.2015 14:24 | KumanovoNews

    Во ресторан “Грација“ денеска беше отворена 13-та по ред ликовна колонија “Карпино“, која ја организира Мултимедијалниот центар “Карпино“ со поддршка на локалната самоуправа.

    Отворена 13- та ликовна колонија „Карпино“

    На колонијата ќе учествуваат 15 уметници од Макеоднија, Србија, Бугарија, БИХ и Украина кои ќе творат се до 9 септември. Претседателот на Мултимедијалниот центар “Карпино“, Зоран Павловски очекува плодна и успешна работа.

    Очекувам добро да се дружат, да го запознаат Куманово и околината. Трето да направат навистина добри дела, бидејќи и самиот ресторан “Грација“ нуди доволно простор и инспирација, а манастирот во Карпино ќе ги воодушеви и ќе носат многу убави впечатоци. Сите дела ќе бидат изложени за денови на Куманово, по повод 11 ноември - изјави Павловски.

    Тој вели дека делата од оваа ликовна колонија ќе бидат презентирани во градовите низ Македонија.

    Од самата ликовна колонија очекувам добро дружење пред сè. Очекувам добра продукција на одлични уметнички дела и посакувам успешна работа на сите колеги - рече Стефан Јакимовски, уметник од Куманово.

    Мултимедијалниот уметник Бранислав Лукиќ од Тузла, БИХ вели дека му е задоволство што на ликовна колонија учествува во нашата земја, каде служел воен рок.

    Овде ќе бидам како сликар, но покрај тоа сум и фотограф. Ќе направам некои фотографии да ја покажам Македонија во едно убаво светло, која има голем туристички потенцијал и да дојдат луѓето да ја видат оваа убавина - рече Лукиќ.

    Лукиќ е задоволен што на колонијата има млади уметници, позитивна енегија и сè е организирано на врвно ниво. На отварањето на ликовната колонија “Карпино“ присуствуваа советници, пратеници, градоначалникот на општина Старо Нагоричане, претставници на општинска администрација, а пред присутните настапи КУД“Панче Пешев“.