Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фоајето на Центарот на култура, денеска е отворена изложбата на слики од 32. Меѓународна лесновска ликовна колонија.
Изложени се 34 дела изработени во техниката акрил на платно и масло на платно, од 17 учесници од Македонија, Бугарија и Канада.
„Учесниците својата инспирација ја црпат од еден од најубавите манастири и огромно духовно светилиште, кое е прекрасен, но не само манастирот туку и природата што е во самото Лесново. Имавме 17 уметници од нашата држава, од Бугарија и од Канада. Еден од нив е и вашиот сограѓанин Трајан Трајковски, учесник на колонијата кој остави две извонредни дела“, истакна на отворањето Сандра Мијалковска, директорка на Дом на култура „Злетовски рудар“ во Пробиштип.
Делата создадени на минатогодишната ликовна колонија, но и сите изданија досега се во трајна сопственост на Домот на културата.
Проектот е поддржан од Министерството за култура, за проекти од национален интерес, а главен покровител на колонијата е Општина Пробиштип.
Изложбата е отворена до 5 март.