×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложба на слики од Детскиот ликовен камп

    31.03.2016 14:22 | KumanovoNews

    Осумдесетина слики и графики, на млади ликовни уметници кои последните две години учествуваа на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“, денеска беа изложени во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Отворена изложба на слики од Детскиот ликовен камп

    Кумановската јавност има можност да види вистински уметнички дела со мотиви и пејсажи од прекрасните предели на Пелинце и Етно село, кои ги создале рацете на учениците од основните училишта во градот. Оваа изложба има и хуманитерен карактер, бидејќи по завршувањето делата ќе бидат предадени на Центарот за лица со интелектуална пореченост „Порака наша“.

    „На овој ликовен камп учествуваа дваесетина млади ликовни уметници од кои 4-5 се деца со посебни потреби. Општината секогаш ќе дава подршка на вакви акции. Јас како граѓанин ќе се вклучам во оваа аматерска аукција и ќе дадам подршка на овие деца. Колонијата е добар пример за она што значи граѓанска подршка на здруженијата што работата со оваа категорија луѓе“, - рече градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

    Детскиот ликовен камп се одржува 5 години, три во меморијалниот центар Пелинце и две во Етно село. Оваа изложба е трета по ред.

    „На кампот досега учествувале над 120 ученици од 5 до 9 одделение. Последниве години им се придружија и децата од Порака наша и Дневниот центар Куманово. Изложени се слики од колонијата одржана во 2014 и 2015 година. Нашата соработка продолжува и со Дневниот центар и Порака наша. Оваа година колонијата ќе се одржи од 20 до 24 јуни“, - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

    Изложбата ќе биде отворена во наредните десетина дена.