Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вчера беше отворена првата самостојна изложба на уметничка фотографија на Владимир Јовановски.
Специјален гост на изложбата беше мајсторот на фотографија Драгослав Мирковиќ, кој ја отвори изложбата.
Ми припадна честа да ја отворам првата самостојна изложба на Владимир Јовановски, еден инзвореден организатор на меѓународни и авторски изложби, одличен графички дизајнер, а сега го гледаме и како самостоен автор. Многу негови фотографии прегледавме, дел од нив прифативме, дел исфрливме, но сепак тој не се одкажа од многу од нив, темелно објаснувајки зошто треба да се најдат на оваа изложба. Владимир нема своја тема - сите теми се негови - изјави Мирковиќ.
На присутните гости на изложбата им се обрати и авторот Јовановски.
Не ми останува ништо друго него да се заблагодарам до сите што присуствувате на оваа изложба, сите гости и љубители на фотографијата. Благодарност до сопругата, Роберт, Драган, Озрен и специјален поздрав до курсистите од ФКК Козјак. Се надевам дека ќе уживате во поставката - изјави Владимир.
Изложбата ќе трае до 6 февруари.