×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложба од 52-та „Струмичка ликовна колонија“

    01.10.2015 08:50 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата со дела од 52-та меѓународна „Струмичка ликовна колонија 2015“.

    Отворена изложба од 52-та „Струмичка ликовна колонија“

    Се работи за 37 дела кои се работени во повеќе техники и тоа масло на платно, акрил, линорез, графика и слично.

    Специфично е тоа што делата се инспирирани од струмичкиот крај и градот Струмица. Учествуваат 18 уметници од 4 земји. Изложбата ќе биде поставена се додека трае фестивалот “Денови на комедија“ односно до 18 октомври - рече Роберт Цветковски, историчар на уметност во Центарот за култура.

    Гостувањето на оваа изложба се реализира во соработка со Центарот за култура “Антон Панов“ од Струмица.

    Изложени се дела од авторите Васил Алачев, Богоје Анѓеловски, Ниче Василев, Валентин Георгиев, Ивана Горичова, Олга Ѓорѓевиќ, Лукаш Зедлевски, Марјан Ѕин, Гоце Илиевски, Александар Јанкулоски, Стефан Калапишев, Катерина Новаковиќ, Цвета Петрова, Никола Пијанманов, Пеџа Ракичевиќ, Анета Ивановска Симјановска, Александар Филев и Ванчо Христов.