Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изложбата на слики и скулптури од Детскиот ликовен камп „АСНОМ 2011„, синоќа беше отворена во Центарот за култура .
На изложбата се претставени делата на учениците од основните училишта, кои со своите ментори учествуваа на првиот летен камп што се одржа летоска во Пелинце.
Значајно е да се спомене дека продукцијата на овој камп беше мошне голема и разновидна.Вечерва ги претставуваме најдобрите дела на младите уметници. Учениците работеа во мултиетнички состав, 19 ученици од 14 основни училишта со подршка на нивните ментори-рече Наташа Анасасовка од Фондацијата за култура и спорт.
Присутните ги поздрави и градоначалникот Зоран Дамјановски.
Изложбата ја организира Фондацијата за култура и спорт под покровителство на локалната самоуправа.